Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица: ДПМНЕ е продолжена рака на СДСМ - последиците од договорот со ,,Бехтел и Енка" врз грбот на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6183

,,ДПМНЕ е продолжена рака на политиката на СДС по однос на ,,Бехтел и Енка"! Двете партии заеднички работат на реализација на скандалозниот, коруптивен и неисплатлив проект каде единствените црвени линии се интересите на странскиот фактор и неговиот капитал.

Гласачите и по ова прашање беа излажани од ДПМНЕ, па така наместо на раскинување, Владата работи на удоволување на барањата на американско-турскиот конзорциум.

Левица претходно предупреди дека на проектот на „Бехтел и Енка“ власта ќе раскрчмува по два отсто од БДП во следните пет години! Политиките донесени на сила од претходната Влада, едноставно, се спроведуваат на сила од актуелната. Излевањето на народните пари во странски конзорциуми не е далеку од единствената штета.

Потсетуваме дека соработката со ,,Бехтел и Енка" е проследена со грандиозни скандали од првиот ден. За да им се удоволи на нивните барања беа променети дури девет закони.

— реклама —

Целосно беше избегната јавната набавка и проектот се спроведува без тендер, а како личен договор. Се погази цивилизациското право на работниците за 40 - часовна работна недела, а веќе се исплатени и милионски суми, така што наместо резултат, добивме штета: прво - буџетска, а сега и директно врз граѓаните.

Досега, речиси, секоја активност на Конзорциумот беше проследена со протести и блокади од граѓаните. Нивната работа оштети археолошки локалитети. Поради минирање настрадаа многу домови и религиски објекти, а под огромна опасност се изворите на вода за пиење и наводнување, коишто се од витално значење за Прилеп и околните села.

— реклама —

Потсетуваме дека при носењето на законите по барање на ,,Бехтел и Енка", Левица поднесе над 6500 амандмани за да ги спречи истите. Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ наместо да го прекине овој погубен и криминален процес преполн со скандали, се впушти во негова дореализација.

Новата Влада како пречка во наредна фаза од реализацијата ја гледа експропријацијата на имотите на граѓаните.

— реклама —

Потсетуваме дека со законските измени се овозможи повеќе да не биде задолжително чекањето правосилност на одлуката за експропријација, туку може да располагаат со имотот штом одлуката за експропријација стане конечна. Тогаш ДПМНЕ обвини дека носењето на овој закон е противуставен и на штета на граѓаните.

Од новата Влада бараме да биде доследна на своите политички ставови и изврши законски измени во насоката за која претходно се залагаше. Во спротивно, сè останува груба предизобрна фарса и продолжување на политиката на СДСМ!”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања