Промени тема
Контакт

Левица е на услуга на ДУИ, сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори, и кој се одржа во Скопје во Спортскиот центар ,,Јане Сандански“ на кој се осврна и на коалицијата ДУИ и Левица, односно на Али Ахмети и Димитар Апасиев. Мицкоски објасни дека сега јасно се гледа дека Левица игра во корист на ДУИ, како што претходно играше во корист на СЈО и Зоран Заев.

„Постојат две коалиции, две коалиции надвор од видливото. Првата е онаа меѓу Али и Димче, помеѓу  ДУИ и Левица. Левица само го покажа своето вистинско лице кое што сите ние го знаеме. Тие се на отворен пазар, на услуга на Али и ДУИ. Сетете се, да не заборавиме, прво го помагаа СЈО за добри хонорари, потоа самиот Заев отворено кажа  дека правеле тајни коалиции за наводно да  ја спаселе Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан. А сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ. А тие пак од ДУИ, со истите трикови се децении наназад. Како стара закачица, провоцираат и едвај чекаат да им одговорам“, кажа Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Мицкоски јасно укажа „сигурно пресметале дека ќе им вратам, па така ќе им го подобрам уништениот рејтинг“.

— реклама —

„Таа нивна игра мора и Албанците и Македонците и сите останати да ја знаат и разберат. Така ДУИ си го крева рејтингот. А тезите им се стари и излитени – те. „крвови“, те „јастреби, те  орлите, те зајаци“, истото тоа, истиот фолклор го споменуваат 20 години, тоа со  години е истиот филм.  Албанците му се иселија. Парам-парчe направија од крадење Албанците – дури и од неговото Зајас – се иселија; исто како  во Дебар, Струга, Тетово, Гостивар, Кичево и насекаде што живеат.. Дваесет години беа на власт. Видовме се што можат, но и што не можат. И тие метафори на митинзите повеќе не им поминуваат – добри се, ако одлучиле да се занимаваат и да глумат хумористични филмови за да може да насмеат некого. Но, не и да влеат надеж каква им е потребна на сите граѓани во Македонија“, посочи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh80o9orv79p82Vet3MH

Мицкоски во Њујорк се сретна со Рубио: Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања