Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Левица: Европскиот суд за човекови права отвори постапка во предметот на Апасиев против Џафери, за непостапување по референдумската иницијатива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library9ajkrl0nolb9806Ea6j

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ја известуваме јавноста дека Европскиот суд за човекови права при Советот на Европа, со седиште во Стразбур, во прва фаза, ја прифати апликацијата на жалителот Апасиев против Република Македонија и и додели судски број: 25565/25 и бар-код, велат од политичката партија Левица.

— реклама —

„За потсетување, станува збор за познатиот случај на одбивање на референдумската иницијатива на пратеникот проф. д-р Апасиев од страна на тогашниот претседател на Собранието на РМ – Таљат Џафери, а во врска со парламентарните Заклучоци донесени за т.н. Француски предлог за бугаризација на Македонија.

— реклама —

Професорот Апасиев, во жалбата до Стразбур, се повикува на член 1 од Протоколот XII (2000) и на член 14 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, односно на општата забрана на дискриминација, а во врска со член 10 (Слобода на изразување) и член 11 (Слобода на собирање и здружување) од ЕКЧП.

— реклама —

За осуда е тоа што претходно, сите редовни домашни судови се прогласија за ненадлежни да постапуваат по овој предмет, а Уставниот суд на РМ – дури по три години од поднесување на првичното Барање за заштита на слободите и правата на граѓанинот, истото го одби со паушално и правно неиздржано образложение. Со овој правен преседан, уште еднаш се покажува нестручноста и слабиот правен капацитет на уставните судии, кој воопшто не ја следат, ниту применуваат јудикатурата на Европскиот суд за човекови права (Стразбур), што само по себе е поразително и недозволиво.

Левица обзнанува дека правната битка за овој, но и за другите случаи – како што е оној за цензурата врз нејзе на последните Локални избори 2025 спроведена од страна на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Државната изборна комисија (ДИК), исто така ќе ги изнесе пред Европскиот суд за човекови права и очекува позитивен исход од истите. Но, истовремено, бараме правна и политичка одговорност за сите инволвирани во ваквото еклатантно кршење на човековите слободи и права на левичарите“, велат од партијата.

media-librarykk990qtonqt815KKLUt

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Левица: Фондовите трупаат станови, граѓаните тонат во кредити

Македонија | пред 58 минути

— реклама —
media-librarysf59p4qdljdt0nEqpbx

Левица до Муцунски: „Македонија да гласа за Куба, престанете да ја изолирате државата“

Македонија | пред 7 часа

media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска: ЕВН лани оствари над 45 милиони евра чиста добивка, а народот плаќа најскапа струја - премиерот и министерката работат за бизнис-кремот од чија соработка се купуваат часовници од 60 илјади евра

Македонија | пред 1 ден

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Левица: Од планираните 1,9 милијарди денари за гасификација остануваат само 12 милиони

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања