Промени тема
Контакт

Левица формира левичарски институт „Рацин“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
institut-racin

По повод 113 годишнината од раѓањето на великиот македонски комунист, поет и револуционер - Коста Апостолов Солев Рацин, Президиумот на Левица одлучи, во рамки на своите партиска структура, да основа засебен Левичарски институт РАЦИН - како постојано нераководно работно тело, согласно статутот на Партијата.

Левичарскиот институт „Рацин“ е составен од три центри, и тоа:

— реклама —

1. Центар за политичка едукација - надлежен за образование на партискиот подмладок и вршење стручни обуки и истражувања;

2. Центар за политичко издаваштво - надлежен за публикување на левичарскалитература, преводи на капитални дела, издавање на идеолошки профилирани периодични списанија и агитација; и

— реклама —

3. Аналитички центар - надлежен за спроведување анкети, проекции, симулации и испитување на јавното мислење.

— реклама —

Работата на Институтот ќе биде регулирана со деловник, а со него ќе раководи раководител. На овој начин, цениме дека Левица ќе го издигне нивото на политичката култура на македонската политичка сцена и ќе го задржи епитетот на најбрзорастечко политичко движење во Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања