Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Левица го откри кандидатот за Карпош: Информатичар и коосновач на “Го сакам Водно”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
darko_ristovski_levica_534-678x381

Левица денес го објави името на својот кандидат за градоначалник во општина Карпош.

— реклама —

„ Дарко Ристовски (42 години), роден во Скопје, Карпош, м.з. Тафталиџе 2, е дипломиран информатичар на ПМФ Информатика, со над 19 години работно искуство во полето на ИТ индустријата како инструктор за напредни мрежни технологии и оперативни системи, проектен лидер на голем број проекти во Македонија и во странство. Коосновач е и на граѓанската иницијатива ГО САКАМ ВОДНО. Женет и вљубен во прекрасна личност и горд татко на три деца.

— реклама —
— реклама —

Неговата борба е насочена кон ослободување и демократизација на локалната самоуправа, вклучување на граѓаните и локалните активисти во процесот на креирање политики и проекти на општината, системска борба против урбаната мафија преку ревизија на сите спорни ДУП-ови, како и забрана за продажба на државно/општинско земјиште, зазеленување на општината и враќање на сјајот на Карпош кој сите ние го носиме во срце“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања