„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Левица го откри својот кандидат за градоначалник на Општина Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
240589252_892437765016066_1355230923417186533_n

Политичката партија Левица вечерва го обзнани својот кандидат за градоначалник на Општина Аеродром – Весна Кираџиева.

— реклама —

Кираџиева е атлетска репрезентативка на Македонија повеќе од 20 години, поранешна рекордерка и шесткратна шампионка на Македонија во маратон. Дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност. Претседателка и тренерка на АК „Индјуренс“. Менаџер на социјални мрежи (Social media manager), дел од организациониот тим на „Виз Ер Скопски Маратон“, „Авицена Женска трка“, „Халк Еко Скопје Трча“. Поранешен волонтер во Центар за оспособување на деца со посебни потреби „Јанез Левец“ во Љубљана (Словенија).

Нејзината борба е насочена кон: чесна и некорумпирана работа; градење на мерит систем на база на квалитет и стручност, а против окупирање на институциите по основ на партиска, политичка, расна, национална или било каква друга определба; разумен урбанизам и стопирање на узурпирањето на просторот од урбаната мафија; афирмација на руралниот дел/населби во општината; еднакви можности за жените како дел од популацијата и унапредување на условите за живот на лицата (и децата) со посебни потреби.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања