Левица го тужи Мехмети оти се подбивал со македонскиот народ, тој бара покана на албански

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
245032644_419859602831196_6506248176893856563_n

Поради статус на социјалната мрежа Фејсбук, партијата Левица на Димитар Апасиев поднесе кривична пријава против писателот и публицист Ким Мехмети.

— реклама —

Во поканата од Јавното обвинителство испратена до Мехмети, се вели: „Се повикува Ким Мехмети на 13.01.2022 година вон 10 часот да се јави во просторите на Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето се повикува во својство на осомничен за Кривично дело излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците по член 179, а по кривична пријава поднесена од партијата Левица за текст објавен на Фејсбук профил на 29.07.2021 година“.

— реклама —

/270044276_465980918219064_1606930821446130249_n" rel="attachment wp-att-155184">

— реклама —

Мехмети на својот Фејсбук профил реагираше на тужбата од Левица:

„Судот и обвинителството се занимаваат со најголемиот криминалец во Македонија Ким Мехмети?!

Кој вели дека нема правда во Северна Македонија и дека судските институции не се ефикасни?

Откако оваа држава успеа во битката против криминалот и кражбите, започна битката и против нас кои го „навредуваме“ македонскиот народ, заштитен од познатата партија ЛЕВИЦА!

Кратко: во оваа Македонија каде пред цел свет се навива „Смрт за Албанците“ и „Само мртов Албанец е добар Албанец“ конечно и јас завршив таму каде што припаѓам - пред обвинителите и судовите на оваа земја.

Не знам зошто, но чувствувам чест што ме тужи и ме обвинува ЛЕВИЦА, партија која смрди на антиалбанизам и која предизвикува повраќање секогаш кога ќе го слушнам нејзиното име, а камоли да се занимавам со тоа.

Сепак, ги повикувам сите македонски ЛЕВИЦА и ДЕСНИКАТ да се здружат и да поднесат тужби против мене, бидејќи немам време да се занимавам со нив една по една.

Во меѓувреме нека знаат: ако се самите внуци на Ленин, а не оваа смешна ЛЕВИЦА што се, никогаш нема да ја реализираат својата цел - да ме замолчат.

Калимти: Не знам каде отиде двојазичноста и зошто поканата за појавување во Јавното обвинителство е напишана само на македонски јазик?“, стои во објавата на Фесјбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања