Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица: Град Скопје не смее да биде жртва на ДПМНЕ и нивниот кандидат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6224

Скопјани повеќе од две години се заложници на меѓусебното инаетење на Арсовска и Мицковски, кои заедно во предизборната кампања ветуваа ,,Модерно Скопје”. Мицкоски, конечно, призна дека ДПМНЕ ја саботира работата на Град Скопје.

По средбата на скопската градоначалничка Арсовска со премиерот Мицкоски, на вчерашната координацијата со координаторите на советничките групи, којашто се одржа во Град Скопје, се насетува извесно затоплување на односите.

— реклама —

Интересно е што после координацијата, премиерот Мицковски изјави дека ги охрабрува советниците од ДПМНЕ во Советот на Град Скопје да ги поддржат програмите на јавните претпријатија, со цел да се стави „ред во хаосот“.

— реклама —

Оттука се наметнува прашањето:

Зошто досега советничката група на ДПМНЕ не ги гласаше овие програми (кој издал таква наредба?) и со тоа директно ја саботираше работата на претпријатијата, што ги прави директни учесници во креирањето на хаосот во Скопје?

— реклама —

Град Скопје е во колапс подолго време поради нефункционалноста на јавните претпријатија! Градоначалничката Арсовска на неколку месеци ги менува директорите на претпријатијата, додека, пак, советниците на ДПМНЕ во Советот на Градот не ги гласаат програмите според кои работат јавните претпријатија. Згора на сè е тоа што ДПМНЕ, коешто има мнозинство во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, дополнително ја отежнува работата на претпријатијата.

— реклама —

По повикот на Мицкоски до советниците од неговата партија, не знаеме како ќе гласа советничката група којашто го има мнозинство во Советот на Градот.

Останува да видиме дали ќе има доза на вразумување на седницата којашто ќе се одржи следниот четврток, но повеќе од сигурно е дека штетата што ја направија со досегашното саботирање на клучните програми, скопјани ќе ја чувствуваат уште долго.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 4 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 5 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 6 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања