Промени тема
Контакт

Левица и бугарскиот европратеник Ковачев се „запукаа“ јавно за културниот центар „Иван Михајлов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
collage-2

По поднесената кривична пријава од Левица против претседателот на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, заради која пријавениот се терети дека извршил кривични дела „Излагање на подбив на македонскиот народ“ и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ се огласија и бугарските европратеници.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, коментирајќи ја кривичната пријава поднесена од Левица, СО ЦЕЛ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК врз судската власт, истакна дека македонската Влада треба да го заштити претседателот на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, кој веројатно смета дека промовирањето на фашистичките колаборатори, глорификацијата на нивното дело, идеи и цитирањето на нивните мисли во Македонија треба непречено да продолжат.

— реклама —

На ова реагираше и Левица:

„Но, она што го прави овој случај уште поинтересен е фактот што истиот ќе биде следен од меѓународната заедница. Причината за тоа е неговата специфичност, односно, доколку македонскиот суд не утврди вина, практично, не само што ќе овозможи непречена промоција на фашистичките идеи ширум државата, дополнително таквата пресуда би била преседан, кој што не е својствен за земјите на европскиот континент после Втората светска војна.

За разлика од пресудите на Европскиот суд за човекови права (досега 16), донесени против Бугарија заради притисок и одбивање да ги регистрира македонските здруженија и партии, пресуди кои не се спроведени од бугарска страна, доколку македонскиот суд утврди вина кај обвинетиот, оваа пресуда ќе мора да биде извршена.

— реклама —

Потсетуваме, во насока на заштита на македонските национални интереси и превентивно делување против појавата на глорификација и промоцијата на (нео)фашистички идеи, кои се почесто можат да се сретнат во јавниот дискурс, Левица поднесе Предлог-резолуција против рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици, која очекуваме македонското Собрание што поскоро да ја усвои“, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Економскиот успех не се мери според тоа колку убаво премиерот ќе ја претстави статистиката, туку според тоа дали граѓаните живеат подобро“, вели Левица

Македонија | пред 3 дена

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Седуммина починати за едно лето - западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а Институтот за јавно здравје го прекина неделното информирање за епидемијата

Македонија | пред 3 дена

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Исмаил: Министерството за демографија крена раце од родилките – за доцнењето на надоместоците одговора со „не сме надлежни“

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„Патриотите од ДПМНЕ ветуваа дека ќе го вратат името – а под нивна власт, македонскиот народ исчезна и остана само „народот на Северна Македонија““, велат од Левица

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања