Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Левица Карпош поднесе предлог одлука да се укине ДУП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
260981608_4864146713652857_2038872202142855771_n

Советниците на Левица во Општина Карпош поднесоа предлог одлука за укинување на деталниот урбанистички план за Градска четврт 3 06, Блок 3 06.09.

— реклама —

„Се работи за четвртот кај СГГУГС „Здравко Цветковски“ кој беше донесен на 60. седница на Советот на Општина Карпош одржана на 30 август годинава.

Во овој ДУП, меѓудругото, зацртана е висококатница со висина од 32 метри со што ќе се уништи речиси целото зеленило кај Заводот за урбанизам и архитектура и Институтот за социолошки и правни истражувања, односно на аголот кај Бул. „Партизански одреди“ и Бул. „8 Септември“.

— реклама —

Изгласувањето на овој ДУП беше проследен со голема нетранспарентност. Седницата во јавноста беше обелоденета на само два часа пред почетокот на истата со што не беше оставен простор јавноста да присуствува на истата. Исто така, овој ДУП беше изгласан на седница која се одржа на само неколку недели пред почетокот на кампањата за локалните избори што исто така фрла сомнеж за вистинските намери на истиот“ велат од Левица

„Како член на советот на Општина Карпош, а застапувајќи ги интересите на жителите, сметам дека носењето на овој ДУП во голема мера ги повредува интересите не само на жителите на Општина Карпош туку и на Град Скопје. Жителите на околните станбени згради едногласно беа против овој ДУП односно зградите, волја што треба(ше) да биде инкорпорирана во планирањето на просторот“, вели Мартин Димоски, советник на Левица

во Општина Карпош и член на комисијата за урбанистичко планирање.

„Очекуваме оваа предлог одлука да биде ставена на дневен ред уште на следната седница на советот на Општина Карпош. Во наредните денови Левица ќе поднесе предлог одлуки за укинување и на други детални урбанистички планови“, доддаваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања