Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Левица ќе поднесе предлог закон за укинување на апанажата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Screenshot-2021-09-06-at-09.49.13

Најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, максимално користејќи ги сите функционерски привилегии, ќе продолжат да земаат плата од Буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција, односно таканаречената апанажа, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„На листата на министри кои што се пријавиле да земаат плата, и покрај тоа што не се на функција, се и Радмила Шеќеринска, Мила Царовска и Никола Димитров, функционери кои по своите анкетни листови располагаат со милионски имот.

Наспроти привилегиите кои бесрамно ги користат овие потомци на црвената буржоазија, обичен работник во Република Македонија кој ќе остане без работа, може да зема само 50% од просечната нето - плата која што тој ја земал последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин.

— реклама —

Притоа, за да може работникот да земе надоместок по основ на невработеност, треба да се исполнат уште многу други услови, како на пример: работниот однос да не престанал со отказ од страна на работникот, со спогодба, со отказ од страна на работодавецот поради кршење на работниот ред и дисциплина итн.

— реклама —

Од друга страна, за министрите не се предвидени никакви услови, па така ним им следува 100 % од платата која што ја земале додека биле министри, а за министерување од 24 месеци, законот предвидува можност за земање на апанажа од 12 месеци. Додека пак, едно невработено лице за да земе надоместок по основ на невработеност 24 месеци, потребно е да има работен стаж од 25 години!

Воопшто не изненадува фактот дека ниту еден од овие министри во време на економска, здравствена и енергетска криза не се откажа од оваа привилегија, затоа што истите се и главни генератори и виновници на сиромаштијата, криминалот и класната раслоеност која владее денес во државата.

— реклама —

Пратениците на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесат предлог - Закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката - со цел укинување на апанажата“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања