Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица: Кметот Максим троши 10 милиони денари народни пари за семафор во сала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Levica-logo

,,Максим Димитриевски набавил за во спортската сала во Куманово семафор во вредност од 10 милиони денари, за споредба во просек еден семафор во НБА лигата чини 20 илјади американски долари или околу 1,1 милиони денари.

Целиот предмет на набавката е „За Спортска сала: браварија, надворешни скали, осветлување, партерно уредување, набавка и на семафор висечки четворостран мултифункционален и друго“, договорот е склучен на 21.05.2024, во вредност од 69.885.289,88 денари или милион и 145 илјади евра, од кои 10 милиони денари се само за семафорот.

Па следствено се прашуваме, како граѓани од чии даноци се трошат тие пари, дали воопшто постои некој разумен во владејачката гарнитура кој може да оправда вакви разлики во стандардната цена на семафор во НБА и на семафор во спортската сала во Куманово?!

— реклама —

Како кумановци сме и изреволтирани што спортска сала која во 1979та година била почната со градење а веќе во 1980та била завршена, градба која следната 1981 г. ја добила Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС), за сега спортот во Куманово да е пред праг на умирање затоа што сегашните власти веќе со години не се способни да ја санираат истата!

— реклама —

По завршување на распашаниот мандат на Димитриевски идната година, Левица заедно со народот ќе направи ревизија на трошењето на народни пари и со сигурност ќе има одговорност.

Левицаго повикува обвинителството да ја провери јавната набавка, а Мицковски ако бара вистински криминал лесно ќе го најде во општина Куманово.”, велат од Левица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања