Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица лути на Уставен поради одлука за нивна иницијатива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
levica-562345

Иницијативата поднесена од Левица во врска со неуставното, незаконското и неделовничкото разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Уставниот суд ја отфрли со образложение дека таквата Одлука не подлежи на уставно-судска контрола.

Од Левица велат:

Согласно Уставот на Република Македонија, Уставниот суд е орган на Републиката кој треба да ја штити уставноста и законитоста, а како надлежност на овој суд, меѓудругото, е наведено дека одлучува за согласноста на прописите (каков што беше и оспорениот акт) со Уставот и законите.

— реклама —

Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Комисијата, несомнено ја суспензира законската должност на пратеникот да учествува во работата и одлучувањето на работното тело.

Скандалозно е тоа што со ваквата Одлука, се воспоставува пракса со која членувањето во работно тело при Собранието на Република Македонија би се претставувало како „јавна или друга функција“ која ја извршува пратеникот, а што е спротивно на Уставот - според кој пратеничката функција е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии.

— реклама —

Дополнително, пратеникот не може да биде разрешен од работно тело на Собранието на Република Македонија без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата. Ова е спротивно на уставното начело на уставност и законитост, од причина што оспорениот акт го нарушува системот на нормативна хиерархија и овозможува заобиколување на предвидените уставни и законски норми и создава неконзистентност на правните прописи од ист и различен ранг.

— реклама —

Меѓудругото, вака изгласаната Одлука за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од страна на парламентарното мнозинство, не ги исполни кумулативно ниту сите деловнички услови за истата да се најде на Дневен ред на собраниска седница.

Со отфрлувањето на оваа Иницијатива, уставните судии повторно го докажаа нивниот сервилен однос кон властодршците, а на штета на демократијата, како и потребата за прецизирање на флоскулата “истакнати правници“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања