Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица: Мицкоски го продолжува историскиот ревизионизам започнат од СДС и Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6503

,,Од најавеното репреговарање на „Договорот за добрососедство“ со Бугарија нема ништо. Отфралењето на т.н. „Францускиот предлог“ не се ни споменува. Но затоа, наместо укинување, Христијан Мицкоски најави „нови лица“ во историската комисија, која во ролја на полиција на мислата, спроведува бугаризација на Македонија!

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Откако „Преспанскиот договор“ стана реалност за новата Влада, најавено е ново изневерување за македонскиот народ, што со денови протестираше против Договорот со Бугарија и „Францускиот предлог“!

Врховистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ излегува на површина. Ваков чекор е сосема очекуван од политички лидер којшто се повикува на Ванчо Михајлов. Под маневарот на некакво репреговарање, ДПМНЕ продолжува да функционира како продолжена рака на СДС по однос на националните прашања и ги остава во живот преговорите за историска ревизија.

Како единствена анти-фашистичка опција, Левица е децидна – историската комисија не треба да биде предмет на „реформи“ и „нови лица“, туку итно и целосно укината! Менувањето на македонската историја од страна на трета земја е грубо вмешување во внатрешните работи и нарушување на суверенитетот на државата. Едноставно, Македонија не може и не смее да биде потчинета на бугарските националистички барања!

Прифаќањето на „Францускиот предлог“ и подготвеноста на ДПМНЕ за продолжување на преговори со Бугарија е уште еден чекор кон разнебитување на македонскиот идентитет! Козметичките, промени во историската комисија, најавени од врхушката на власт, нема да ги заштитат државните и национални интереси!

Оттука, наместо продолжување на политиката на СДС, ја повикуваме Владата храбро да се спротивстави на секоја форма на предавство и ги раскине штетните договори со кои и сама не се согласува, во спротивно, станува соучесник во деградацијата на Македонија!”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања