Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица: Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6211

,,Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа денеска ја дополни оваа низа најавувајќи дека во Буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје!

Во Ребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз за младите, ниту пак планираат да го покријат долгот од 8 милиони евра кон градот Скопје, односно кон и така финансиски руинираното ЈСП. Ваквата ситуација сериозно ја доведува во опасност мерката бесплатен превоз за студентите и средношколците која е од витално значење за младите!

— реклама —

Загрижувачка е неинформираноста на Јаневска за постоењето на оваа мерка која датира од 2016 година. Дополнително, министерката крајно дрско и неуко изјави дека ова било ветување кое таа и актуелната владина гарнитура не е должна да го реализира бидејќи не ветувала бесплатен превоз!

Владата која во предизборието ветуваше подигнување на стандардот и сериозен фокус на младите, не само што нема план да го подобри стандардот, туку очигледно започнува и со укинување на досегашните мерки, т.е. штедење и водење каприц на грбот на младите!

— реклама —

Бараме Владата итно да го подмири долгот кон град Скопје за да не дојде до укинување на оваа клучна услуга за младите. Не можеме да дозволиме неинформираноста и политичките игри дополнително да ги загрозат правата и благосостојбата на студентите и средношколците!

— реклама —

Црвена Младина не само што ќе се бори за заштита на веќе постоечките мерки коишто се во интерес на младите, туку и ќе работи на нивно проширување, вклучувајќи воведување на целосно бесплатен меѓуградски превоз за учениците и студентите.”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања