Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
limani

,,Наместо насмеани лица на воспитачките во градинките, во Струга дечињата ги пречекаа затворени врати - министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар.

Причината зошто овие дечиња не се згрижени во градинка е недоволен број на стручен кадар - најголемиот проблем кој никако да се реши.

Иако Министерот Фатмир Лимани најави дека посветено ќе работат за намалување на листите за чекање за упис во градинките, бидејќи секое дете е важно, реалноста кажува сосем друго.

— реклама —

За жал, бројот на вработените воспитувачки и негователки се намалува, а нивното место не се пополнува ниту по заминување во пензија, а поради тоа на повеќе дечиња им е ускратено правото да можат да бидат згрижени во градинка.

— реклама —

Сите политички партии ветуваат дека ќе нема повеќе листи за чекање на прием во градинките и дека ќе се вработат доволен број на воспитувачки и негователки, но тоа останува само нереализирано предизборно ветување.

Ваквиот нечовечки однос кон најмалите и најмилите жители на нашата држава е уште еден доказ дека оваа власт е исто толку ненародна колку што беше и Владата на СДС и ДУИ.

— реклама —

Левица апелира за итно решавање на проблемот со обезбедување компетентен и стручен кадар и изнаоѓање решенија за згрижување на сите дечиња од т.н. ,,листи на чекање" - сè во интерес на најмалите, нивните родители и потесни семејства!”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања