Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Левица „му залепи“ кривична на Спасовски, откако го промени софтверот со „северна“ пред да се донесе закнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
spasovski

Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи на Република Македонија - Оливер Спасовски, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ – казниво по чл. 353, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од шест месеци до три години.

— реклама —

„Пријавениот се терети дека во својство на службено лице не го испочитувал текстот на законот и притоа свесно, злонамерно и противзаконски дозволил и овозможил промена на софтверот – системот за издавање на личните карти во МВР уште во јуни 2021 година. Со ова била извршена неповратна промена на податоците и содржината на обрасците на личната карта, барањето за издавање на лична карта и потврдата за поднесеното барање, пред да бидат донесени било какви измени на Законот за личната карта, со кои би се промениле податоците и содржината на наведените обрасци.

— реклама —
— реклама —

На овој начин, со своето свесно и комисивно деликтно дејствие – министерот Спасовски, намерно и со предумисла, извршил промена на содржината на податоците впишани во обрасците на личната карта, барањето за издавање на лична карта и потврдата за поднесеното барање, иако знаел и бил должен да знае дека наведената материја согласно Уставот претставува materia legis, утврдена единствено со Законот за личната карта. Дополнително, пријавениот постапил спротивно на начелата на законитост, професионална етика, непристрасност и објективност и економично користење на средствата предвидени во Законот за внатрешни работи. Очекуваме надлежното ОЈО – Скопје, да ги земе предвид издржаните факти и докази наведени во кривичната пријава и по неопходниот распит на пријавениот, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение против актуелниот министер за внатрешни работи“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања