Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Левица на Апасиев повикува да гласате за Силјановска, за да Џафери не биде в.д. претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
aaaaa

Президиумот на Левица, на синоќешната вонредна седница (2 мај 2019), одлучи да ја поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова како кандидат за претседател на Република Македонија.

— реклама —

Силјановска ја сметаме за атипичен претседателски кандидат. И покрај нашите несогласувања по одредени прашања, знаеме дека таа е изградена личност со неспорен кредибилитет, која што ефикасно ќе се спротивстави на политиката на коалиционата двојка СДСМ-ДУИ, личност која ќе се води по принципите на правото, правдата и етиката и нема да дозволи компромитација на својот интегритет.

— реклама —

Нашата поддршка за Силјановска да стане првата жена претседател на Републиката е строго персонална, а никако про-вмровска! Дотолку повеќе што повмровски кандидат во случајов е токму Стево Пендаровски кој беше портпарол во првата вмровска влада на Љубчо Георгиевски, а потоа и советник во кабинетот на Борис Трајковски.

Нашата соработка со професорката датира уште од времето на Професорскиот пленум, па оттука оваа наша поддршка ја сметаме за принципиелна и критична. Секој гласач на проф. Силјановска мора да ја држи за збор, будно да го следи секој нејзин чекор и да ѝ помогне да не потпадне под влијанието на големите партии СДСМ - ДУИ - ДПМНЕ. Нам сега ни треба реализирана и принципиелна личност за претседател, која нема да биде обична марионета, туку мудро ќе ги користи своите уставни овластувања со цел да не дозволи тотална власт на само една партија.

— реклама —

Во очи на вториот решавачки круг од Претседателските избори, разбираме дека е тешко да се партиципира во политичките збиднувања инструментализирани од власта, но токму сега мораме да ги смириме страстите и да размислуваме со ладна глава. Колку и да се чини оправдан гневот против корумпирани елити, сепак на овие избори - каде бираме личност, а не партија - бојкотирањето ќе биде само во корист на властодршците и ќе овозможи актуелниот собраниски спикер да биде ВД претседател.

— реклама —

Груевизмот, како стадиум на изедначување на партијата со државата, е на раб да се повтори во заевизам – како автократски модел на владеење. Наша задача, како автентична левичарска партија, е да застанеме на патот на оваа забегана влада во нејзините намери да го доуништат и онака климавиот суверенитет на Републиката и да ја престорат во слуга на империјалните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања