Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица: На вработените во МОК платата им доцни - Димески да си поднесе оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6315

,,На вработените во Македонски олимписки комитет, платата и соодветните придонеси им доцнат и по неколку месеци, што говори за непрофесионалноста на претседателот на МОК, Даниел Димески.

Уште поголем сомнеж за работењето на Димески е и фактот дека Јавното обвинителство има покренато предистражна постапка за наводните финансиски малверзации во самиот комитет.

Но ова не е прв ваков случај во кој е споменат Димески. Покрај овие наводи, вреди да се напомене дека Димески е вмешан и во сомнителното доделување на закуп на имот на „Кале“.

— реклама —

Освен тоа, до Јавното обвинителство беше покрената и друга постапка поврзана со спортот што се однесува на спортските ваучери, каде Антикорупциската комисија утврдила сомневања за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот за финансирање на спортски клубови и фондации.

Поради сето ова, Левица бара од претседателот Димески да си поднесе оставка!

— реклама —

Левица како политичка партија која се залага за транспарентност и правда, бара и итна истрага и одговорност за сите наводни злоупотреби и финансиски малверзации кои се случуваат во Македонскиот олимписки комитет!

— реклама —

Јасно е дека е потребна промена на раководството за да се врати довербата на спортистите и јавноста во оваа институција.

Во интерес на спортот и спортската иднина на Македонија, ќе се бориме против сите форми на криминал и корупција и ќе се бориме да обезбедиме праведен и транспарентен систем за сите граѓани.”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања