Промени тема
Контакт

Левица: Олимпијците наместо наградени - омаловажени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
271728233_958716551688884_8741503986453080150_n-1

Нашиот олимписки претставник на претстојните игри во Пекинг во крос кантри (спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно), Ставре Јада, излезе со разочарување во јавноста, откако советот на Општина Крушево му додели минимални 10.000 денари и тоа само откако самиот тој доставил барање за финансиска помош.

„За жал ова се најчестите изјави кои ги слушаме од македонските спортски репрезентативци, амбасадорите на Македонија на големите шампионати и игрите.

— реклама —
— реклама —

Наместо врвните спортисти да бидат соодветно наградени, мотивирани и стимулирани, но со тоа и пример и инспирација за достиж на младите генерации, со ова само се обесхрабруваат и оние малку останати и се постигнува сосема спротивен ефект.

— реклама —

Нашата борба и понатаму е во насока на еднаков третман на сите наши репрезентативци кои посветуваат цел свој живот за гордо да ја претстават Републиката, да бидат достоинствено наградени, но и величени за сиот вложен труд. Воедно ќе иницираме поголема агилност од страна на општините, АМС и МОК во однос на стимулација на спортистите за постигнување поголеми успеси“, велат од Левица

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања