Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Левица: Ова е споменот на местото каде се одржал првиот час по македонски јазик - не простуваме!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
242924919_331269512048260_8884942920743363845_n

Секторот за образование на Левица денес објави фотографија од зградата каде на денешен ден се одржал првиот час по македонски јазик во 1943 година. Според партијата, државата и Владата не се заложуваат за да го зачуваат споменот од местото каде се одржал првиот час. Тие порачуваат дека ова не го забораваат, ниту го простуваат.

„Далечната 1943 година, на 24 септември во селото Подвис, во областа Копачка, во Кичевско бил одржан првиот училишен час на македонски јазик. Ден голем како планина! Од устата на учителот Василко Лазарески првпат во училница прозвучил македонски збор, децата првпат следеле настава на мајчин јазик, а не на јазиците на окупаторите.

— реклама —

Зградата во којашто бил одржан тој прв час е прогласена за споменик на културата. И заборавена. Денес е во очајна состојба, со ослепени прозорци и пропаднат покрив, зарасната во треви и трње.

— реклама —

Клептократите кои 30 години владеат за да пљачкаат, секојпат имаат полни усти со љубов кон државата и народот, а образованието им е „врвен приоритет“- секоја година го реформираат, а сега се на пат и потполно да го расформираат.

— реклама —

Кои биле и какви се нивните заложби сведочи фотографијата од споменот на местото во кое бил одржан првиот час на македонски јазик. Една слика- илјада зборови. Затоа борбата трае и нема да застане. Левица не заборава, нема ниту да прости“, објави Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања