ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Левица: Охридското езеро не смее да биде уништено за лично богатење на поединци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
levica

Левица преку социјалните мрежи реагираа на приватизацијата на струшкото крајбрежје, поради што има катастрофални последици од неконтролираната градежна експанзија.

— реклама —

"Локалните медиуми во Струга деновиве го објавија предлогот на градоначалникот од ДУИ, Рамиз Мерко, за целосна приватизација на струшкото крајбрежје, каде последиците веќе се катастрофални од неконтролираната градежна експанзија и узурпација. И покрај тоа што овој предлог не поминал во Советот на Општина Струга, струшкиот градоначалник најавил дека овој проект ќе се реализира и без дадена согласност од советниците. Дали со ова Рамиз Мерко сака да најави дека постои договор за уништување на Охридското езеро помеѓу највисоките раководства на СДСМ и ДУИ?

Охридското езеро е природно богатство од непроценлива вредност и тоа не сме да заврши во рацете на локални моќници чиј единствен интерес е максимизирање на својот профит. Дали со узурпација и градежна урбанизација која зелените површини и трската ги заменува со приватни објекти и плажи, оваа Влада ќе го штити Унеско статусот на Охридското езеро, продолжувајќи ги погубните политики на претходната власт?

— реклама —

Бараме да се произнесат пред целата јавност претседателот на Владата, Зоран Заев и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески дали за да ги заштитат бизнис-интересите на својата коалиција се подготвени да дозволат неповратно уништување и девастирање на едно од нашите најзначајни природни богатства?

Охридското езеро претставува монументален споменик на природата и тоа не смее да биде уништено заради задоволување на краткорочните бизнис-интереси и желби за лично богатење на одредени поединци", стои во објавата

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања