Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Левица: Пецаков ги остави охриѓани без пристап до своите домови - урбанистичката мафија на ДПМНЕ го окупира Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Општинската организација на Левица во Охрид преку соопштение обвини дека повеќе од 50 семејства кои живеат во две станбени згради во строгиот центар на градот останале без единствениот пристап до своите домови, откако градоначалникот Кирил Пецаков издал одобрение за изградба на нова зграда на улицата што ги поврзува со нивните влезови.

— реклама —

Од партијата тврдат дека, иако со важечкиот урбанистички план со години биле предвидени алтернативни улици, Општина Охрид во изминатите пет години не презела активности за нивна изградба. Според Левица, наместо најпрво да се обезбеди пристап за жителите, на инвеститорот му било дозволено да започне со градежни работи, со што бил затворен единствениот постоечки пристап до двете згради.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека жителите со години се обидувале институционално да го решат проблемот, но наместо решение добиле молк од институциите. Левица тврди и дека градоначалникот Пецаков им рекол дека „сами се виновни што купувале станови во тие згради“.

— реклама —

Партијата посочува и на, како што наведува, констатациите на Државниот завод за ревизија и на УНЕСКО дека охридскиот регион и натаму се соочува со бесправна урбанизација и недоволно спроведување на препораките за заштита на светското природно и културно наследство.

— реклама —

Левица обвинува дека локалната и централната власт не преземаат доволно мерки за справување со дивоградбите и оценува дека актуелните урбанистички политики се во корист на градежни интереси, а не на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

„Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми - пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа“, велат од Левица

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: „Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените“

Македонија | пред 2 дена

media-libraryc7acemm09ffcftQKcUK

Левица: Во ек на хаосот со АЛТА банка, Владата на ДПМНЕ го намалува буџетот за финансиско разузнавање за 1,7 милиони денари 

Македонија | пред 2 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

(Видео) Мециновиќ: ДПМНЕ ја оплакува демографската катастрофа, а без ниту еден аргумент го одби Предлог-законот на Левица за станбена поддршка на младите семејства

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања