„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Левица поднесе иницијатива: „Децата на Газа“ како одговор на израелскиот парк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryvmv8180tplhi9qrlRVt
ФБ


Советничката група на Левица поднесе иницијатива Општина Аеродром да ја прифати скулптурата „Децата на Газа“ од Никола Пијанманов, кој преку објава на социјалните мрежи делото го донираше на Општина Аеродром.

„ Оваа скулптура од железо ја донирам да биде поставена како споменик во новиот детски парк во Аеродром кој е донација од Израел. Постаментот нека го донира општината. Скулптурата се вика ’Децата на Газа’“, напиша Пијанманов на социјалните мрежи.

Со оваа изјава, истиот ден кога градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во Аеродром, го отворија детскиот парк дониран од Израел, уметникот Пијанманов ја понуди својата скулптура како симболичен одговор и повик за сочувство кон децата во Газа.

Од советничката група на Левица, пак, посочуваат дека додека се прифаќа „израелски парк за деца“ не смее да се молчи за страдањата на децата во Газа. Тие нагласуваат дека поставувањето на скулптурата би била јасна порака дека Аеродром зазема страна на човечноста, животот и достоинството.

Според иницијативата, скулптурата „Децата на Газа“ треба да биде поставена како спомен – обележје во новиот парк, а од општината се бара да го обезбеди постаментот. Од Левица додаваат дека делото не е само уметнички чин туку и потсетник на невините жртви и повик за солидарност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања