Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица поднесе кривична пријава за бесправно градење во Гевгелија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Политичката партија Левица денес поднесе кривична пријава против две правни лица од областа на градежништвото кои градежните работи ги извршуваат во Гевгелија.

Станува збор за основано сомневање за изведување градежни работи и вршење надзор спротивно на одобрение за градење што претставува кривично дело согласно член 244 - а од Кривичниот законик.

— реклама —

Општина Гевгелија издала Одобрение за градење - надградба, на објект, куќа, со староградска архитектура во централното градско подрачје на државно земјиште. Согласно законот за градење, надградба значи изведување на градежни работи на постоечки објект со што се влијае на објектот во висина.

Спротивно на тоа, во втора половина на октомври изведувачот наместо да го надгради постојниот објект, го срушил објектот, а надзорот не ги презел своите законски обврски да го спречи тоа. Сето тоа се прави со намера на местото во централното градско подрачје на кое што се наоѓаше стариот објект (куќа), сега почнувајќи од нула да се изгради зградичка составен од приземје, два ката и поткровје.

— реклама —

Сега таму на терен не постои објект за надградба, а има само државно земјиште.

— реклама —

Поради ова денес беше поднесена гореспоменатата кривична пријава.

Правниот сектор на Левица не ја исклучува можноста за проширување на листата на пријавени.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања