Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица поднесе Предлог-закон за намалување на платите на уставните судии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
apasiev

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на Собранието на Република Македонија, поднесоа Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица на РМ.

Целта на овој Предлог-закон е, да се анулира додатокот за плати, кој уставните судии си го изгласаа со промена на Деловникот во октомври 2020 година, а со кој ќе може да примаат додатоци до 35% од основната плата - кои ќе изнесуваат дури до 500 евра!

— реклама —

Имено, овој специјален додаток се однесува на: посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост!?

— реклама —

Сметаме дека, во случајов, нема никаков правен основ за овие додатоци - бидејќи уставните судии работат апстрактни спорови (т.е. судир на акти), а не конкретни спорови меѓу странки.

Напротив, тие го кршат Уставот по неколку члена и тоа: чл. 113, каде со акт на судот им е дозволено да се уредува само „начинот на работа и постапката“, а не и платата; чл. 109, каде е нагласено дека се избирани од Собранието и со тоа за нив важи Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица на РМ, а материјата за плата не може да се уредува со менување на Деловник.

— реклама —

— реклама —

Исто така, потенцираме дека, постојат индиции за вршење на кривично дело по чл. 353 од КЗ, односно „злоупотреба на службена должност и овластување“, за што нашиот правен тим ја разгледува можноста за поднесување на кривична пријава.

Ние предлагаме интервенција во членовите 14 и 15 од постојниот Закон, каде коефициентот за плата на претседател на Уставниот суд би се спуштил од 4.00 на 3.60, а коефициентот за уредување на платата на судија на Уставен суд, би се спуштил од 3.70 на 2.50 - односно, намалување на платите за 1/3, исто толку колку што тие самите бесправно си ги зголемија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања