„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Левица: Пола милион евра за советниците на Ковачевски и неговите потсекретаријати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kovacevski-tace-skopje-1-bektesi

Најпосле, Владата ги објави платите и имињата на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата. Имено, од народни пари, за потребите на Ковачевски, ангажирани се 15 надворешни соработници и уште околу 25 соработници и советници кои влегуваат во списоците во трите потсекретаријати, вели Левица.

— реклама —

„Голем број од поранешните советници на Заев повторно се најдоа на листите. Иако СДС ветуваше намалување на бројот на советниците на премиерот, очигледно преку манипулативно прераспределување, сепак овие лица останале на платен список на државата.

Сега, истите фигурираат како соработници и советници на потсекретаријатите на кабинетот на Ковачески, кои директно работат за премиерот. Власта ќе им исплаќа на овие лица авторски договори за специфични задачи, кои небулозно, не може да ги обезбеди од прекумерната и партизирана администрација, а народот за нив ќе плаќа околу половина милион евра годишно.

— реклама —

Највисок хонорар повторно ќе добие Зоран Верушевски, советник за национална безбедност, во нето износ од 74.618 денари, а на списокот повторно е и Љубе Бошковски. Власта ќе ја советуваат и со неа ќе соработуваат професори, „експерти“, бизнисмени и новинари.

Јасно е дека ќе се одвојуваат значајни средства од Буџетот на Република Македонија за лица кои имаат единствена задача како облигација на нивната ангажираност во Владата, а тоа е хвалоспевот на власта и клеветење на опозицијата. Овие лица се дел од политичкиот поткуп на власта во нејзината квинслиншка и врховистичка политика и работат против интересите на македонскиот народ“, стои во соопштението.

/slika-1-50" rel="attachment wp-att-211242">

/slika-2-28" rel="attachment wp-att-211244">

/slika-3-20" rel="attachment wp-att-211243">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sdsm-zecevic-kovacevski-8

(Видео) Ковачевски одби да го пофали Миле Зечевиќ: беше ли тој најдоброто во СДСМ? Му се плаши ли?

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-11.49.48

(Видео) Шефот одговара: Чии интереси застапуваше Османи, министер во Владата на Ковачевски?

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Жестока дебата за одговорноста ќе се бие на Конгресот на СДСМ

Македонија | пред 1 година

IMG_3493

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања