Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Левица со барање за инспекциски надзор за споменикот на балистот Џемо Хаса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Левица поднесе нова иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, против Општина Гостивар, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот споменик во гостиварското село Симница, во чест на балистот Џемо Хаса.

— реклама —

„Оваа иницијатива е во контекст на претходно поднесената Иницијатива против подигнувањето на меморијалниот споменик во чест на борците на УЧК/ОНА, со намера трајно зачувување на спомените на овие личности.

Имено, сметаме дека државно-правниот континуитет на Републиката не може и не смее да се темели на лица кои историјата ги познава како докажани фашистички колаборационисти и главни егзекутори на припадници на партизанските одреди.

— реклама —

Преку подигнувањето на контроверзниот споменик се врши директен упад во антифашистичкиот карактер на државата и АСНОМ-ските идеали, непосредно утврдени со Уставот на Република Македонија.

— реклама —

Дополнително, сметаме дека контроверзниот споменик не ги исполнува клучните формално-правни и материјално-правни претпоставки, кои мора да бидат исполнети за еден споменик да се смета за меморијален и истиот како таков да може да биде подигнат.

Власта за подигнувањето на овој споменик е запознаена уште во 2018 година, но и покрај тоа, од нивна страна не е преземено ништо за утврдување на легалноста на постапката за негово поставување. Со тоа, апсолутно се докажува поданичкиот однос кој СДСМ го има кон својот коалициски партнер, ДУИ.

Бараме министерството по извршениот инспекциски надзор да ја утврди правилно фактичката состојба, да ги преземе сите правни средства кои му стојат на располагање и да ги санкционира противзаконското постапување, а со цел да се спречат во иднина вакви ситуации“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Левица: Фондовите трупаат станови, граѓаните тонат во кредити

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarysf59p4qdljdt0nEqpbx

Левица до Муцунски: „Македонија да гласа за Куба, престанете да ја изолирате државата“

Македонија | пред 2 дена

media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска: ЕВН лани оствари над 45 милиони евра чиста добивка, а народот плаќа најскапа струја - премиерот и министерката работат за бизнис-кремот од чија соработка се купуваат часовници од 60 илјади евра

Македонија | пред 3 дена

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Левица: Од планираните 1,9 милијарди денари за гасификација остануваат само 12 милиони

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања