Левица со свој кандидат за Скопје, СДСМ сѐ уште во изборна проценка – битката за локалните избори започнува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
apasiev-filipce-5

Партијата Левица на претстојните локални избори ќе настапи со сопствен кандидат за градоначалник на Скопје, потврди лидерот Димитар Апасиев во интервју за ТВ24. Со оваа одлука, Левица се откажува од стратегијата од минатите избори, кога ја поддржа независната кандидатура на музичарот Петар Георгиевски – Камиказа.

— реклама —

„Овој пат ќе имаме свој партиски кандидат за Скопје. Сметаме дека сме доволно политички профилирани и дека нашата кандидатура ќе биде препознаена како вистинска алтернатива на досегашните елити“, изјави Апасиев.

Според него, Левица ќе има советнички листи во над 50 општини низ државата, а интересот за градоначалничките позиции е голем – на јавниот оглас пристигнале над 20 апликации. Процесот на селекција, вели тој, ќе биде транспарентен и базиран на јасни критериуми.

— реклама —

Апасиев најави тешка изборна кампања, предупредувајќи на можно „валкано сценарио“:

„Очекуваме силни удари, особено од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се истурат многу пари, но ние сме подготвени и нема да отстапиме.“

Во однос на можните коалиции со партии на Албанците, тој истакна дека ќе се разгледуваат партнерства во мешани средини, но само врз основа на принципиелност, заемно почитување и компатибилност на кандидатите со заедниците.

СДСМ, од друга страна, сѐ уште не објавила официјален кандидат за Скопје. Претседателот на партијата Венко Филипче вели дека финалната одлука ќе биде соопштена до крајот на месецот, а во игра се четворица кандидати – меѓу нив архитектот Мишко Ралев и поранешната министерка за животна средина Каја Шукова.

„Нашата цел е да понудиме човек што ќе обединува и што ќе внесе доверба и чесност во управувањето. Сакаме скопјани да видат дека нудиме кредибилитет, не само политички маркетинг“, рече Филипче.

Во однос на внатрепартиските тензии, најексплицитен е примерот со Струмица – каде што СДСМ го поддржа Марјан Даскаловски наместо актуелниот градоначалник Костадин Костадинов. По таа одлука, Костадинов го замрзна членството во партијата, барајќи смена на раководството.

Филипче за тоа вели дека изборот бил направен според внатрешните анализи и поддршката која ја имаат кандидатите во партиското членство.

Во однос на евентуална соработка со Албанските партии, лидерот на СДСМ потврди дека разговори со Таравари се веќе започнати, но дека одлуката ќе ја донесе општинската организација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања