„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Левица: Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола со години е затворена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Деновиве е актуелен проблемот со чествувањето на апостолот на македонската национална борба Гоце Делчев. Но, покрај распродавањето на неговиот идеолошки легат, и спомен куќата на Делчев во Битола со години е затворена. Причината поради која е затворена е наводно лошата состојба во која се наоѓа објектот, вели Левица

— реклама —

„Министерството за култура не одобрува или одобрува само шест проценти од вкупните потребни средства за конзервација и реставрација на фасадата, па според тоа не може да се предвиди кога би била повторно отворена за посетители. Минатата година биле доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, а оваа година со Годишната програма на Министерството за култура се доделени само 350.000 денари, од побараните 5.799.000 денари за целосна реализација на проектот.

Во оваа куќа Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор отишол во посета на војводата Даме Груев и остварил други средби со истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација, кој на крај завршил како вреден експонат во куќата.

— реклама —

Распродавањето на културните, идентитетските и националните маркери е модус операнди на оваа власт. Веќе е евидентно дека запуштањето на културното наследство и историските столбови систематски и тенденциозно се спроведува, сè во интерес на соседските шовинистичките политики и внатрешното национално разградување“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања