Левица: Стоп за репресијата на капиталот и зелената мафија – слободни пазари за локалните земјоделци, занаетчии и домаќини!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kazni

Најголемиот проблем на Аеродромци е решен – сега се на ред обичните скромни луѓе кои продаваат домашни органски производи. Тоа што се случи вчера во близина на аеродромското пазарче е трагично. Имено, полициски службеници ги “тероризираат”, малтретираат и казнуваат продавачите на цвеќе, лист од лоза, штавељ и домашни јајца. Притоа, „ја сузбиваме сивата економија,“ велат?! Ваквата состојба е класична репресија на крупниот капитал во спрега со владејачката класа, каде преку органите на принуда си ја рушат конкуренцијата и го монополизираат пазарот. Ова ли треба да е правната држава, каде законите важат за сите подеднакво, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Од партијата додаваат:

— реклама —

Сите што живееме во Аеродром ги познаваме овие чесни и вредни луѓе, кои за егзистенција и денар повеќе, својот вишок од домашната бавча го продаваат на импровизирани тезги. Ние, од Л.О. Левица Аеродром, лично познаваме неколку продавачи кои нудат еколошки и квалитетни производи со пристојна цена. За една женичка, од која секогаш пазариме квалитетни домашни производи, конкретно знаеме дека со тоа ги покрива трошоците за студирање на својот внук. Тоа ли е големиот криминал во Македонија?

— реклама —

Ние како партија, но пред се како луѓе, во својата програма за локалните избори предвидуваме заштита на овие вредни и чесни луѓе. Државата, Општината, мора да застанат во нивна заштита со издавање на дозвола за продажба на своите производи. Предвидуваме маалски пазарчиња за продажба на вишокот на производи. Бесплатно земјоделско земјиште за сите заинтересирани за семејна бавча до 500 метри квадратни, од чие производството 10-20% задолжително ќе се донира на социјално ранливите категории, додека вишокот ќе се продава на граѓаните.

Да покажувате сила на слабите е лесно, но да ве видиме да се силите на мафијата и големите газди. Левица нема да дозволува повеќе да се изживувате со “малиот” човек.

фото: Левица

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања