Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Левица: Училишните клупи празни - наставничките канцеларии преполни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2021-10-08-084800

,,Ниту со весела математика не можат да се сокријат фрапантните бројќи достапни на ДЗС, за намалувањето на бројот на учениците и зголемувањето на бројот на образовни (најчесто партиски) кадри во државните институции Аналитичкиот тим на Левица направи компаративна анализа, за соодносот на наставен кадар, споредено со бројот на учиници во периодот помеѓу 2000 и 2023 година.

Па така:

— реклама —

Од 2000 година до сега во Македонија има 67. 251 ученик помалку во основните училишта, показател на празнење на државата! Од друга страна, наставниот кадар расте, па така за истиот овој период, имаме 5516 вработени повеќе само во основното образование.

Во оваа временска рамка, бројот на вработени е зголемен за 41%, а бројот на ученици се намалил за 27% во основните училишта! Само во последните 5 години, имаме речиси 6000 ученици помалку, од кои 2300 се првачиња.

— реклама —

Слично е и со средните училишта, односно, таму се запишале 25.883 ученици помалку, споредено за периодот од 2000 до 2023 година. За истиот тој период вработени се дури 1550 повеќе професори!

— реклама —

Како партија цениме дека белата чума која што ја дивее во Македонија е донесена директно од штетните политики водени од ДПМНЕ, СДС и ДУИ, од независноста на државата до денес.

Иселувањето на младите и загубата на огромен број ученици, во главно се мотивирани од социо-економските услови, но не помалку важно е да се напомене, дека важен мотив за намалувањето на бројот на ученици е самиот образовен систем.

— реклама —

Држава, во која учебниците по историја се пишуваат во Бугарија, а по јазици на Косово, додека целосно каска зад образовните стандарди на ЕУ, на први септември е без учебници за сите ученици, не може да очекува поинакви резултати!

#Левица бара неодложна реформа во македонското образование, направена преку широка дебата и целосно вклучување на експертската јавност, наставниците и учениците, затоа што демографските карактеристики и (не)квалитетниот образовен систем бараат прилагодување на реалната состојба и длабоки промени.”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: ДПМНЕ ги одби сите наши амандмани за безбедноста, Армијата и контролата на јавните средства

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Дали Обвинителството ќе ја прошири истрагата кон судијката-тетка на насилникот Корабоски, Гордана Билеска, за која се сведочи дека се обидела да влијае врз доказите?

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Зошто обвинителот Арнаудоски сѐ уште го води предметот за Сара - кој ќе ја испита неговата непристрасност и интегритет?

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Кој го штител насилникот од “угледна“ вмровска фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“, велат од Левица

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања