Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: Владата на чело со премиерот Заев освен со криминал Собранието го контаминираше и со вирус!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
apasiev-sobranie-1

Премиерот Зоран Заев, заедно со неговите најблиски соработници секој ден тоне во криминал, обрачот околу него со секој поминат ден се стега се’ повеќе, единствено прашање на време е кога ќе ја изгуби власта оваа криминогена структура околу Заев, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Токму поради паниката која го зафаќа премиерот Заев, како страв од кривична одговорност за сите злодела и криминали кои ги направи во периодот на неговото владеење, тој посегнува по уште поголем криминал и репресија, а со тоа и другите околу него ги вовлекува во криминални дејствија. Последен ваков случај беа вчерашните случувања во Собранието на Македонија, каде премиерот Заев, заедно со спикерот Џафери, прекршувајќи ја одлуката на Собранието и Кривичниот Законик, поттикнаа два пратеници на кривично дело, приндувајќи ги да се појават на гласање на 32-рата седница и покрај тоа што пратениците беа позитивни на Корона вирусот, што претставува кривично дело според КЗ Чл. 206 - за што Левица ке поднесе кривична пријава против овие два пратеника.

Инаку, за да се обелодени вистината во јавноста, која СДСМ, и особено ковид позитивните пратеници претставувајќи се како жртви ја испревртуваат, доволно е да се погледнат точките на дневен ред од 32-рата седница, и тоа на сајтот на Собранието. Оттаму лесно може да се види дека 5-тиот пакет економски мерки не беше точка на дневен ред на оваа седница. Имено, Гласањето за 5-тиот пакет мерки НИКОГАШ НЕ БИЛО ДОВЕДЕНО ДО ПРАШАЊЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА, бидејќи истата спикерот можеше да ја свика и на 16 април, но, тоа не го стори. Вчера, за тој пакет економски мерки гласаа над 100 пратеници!

— реклама —

Воопшто не беше потребно присуството на Ковид - позитивните пратеници за изгласување на петтиот пакет мерки, коишто патем, додека медицинскиот персонал низ земјава страда од недостиг на заштитна опрема и секој ден умираат луѓе како жртви токму на неспособното Министерство за здравство - тие дојдоа со скафандери и приватни амбулантски возила.

— реклама —

Секојдневните непромислени и неспретни дејанија на Заев и неговите соработници од власта, се само доказ дека се наѕира крајот на овој веќе распашан режим, дотолку повеќе што, нивниот крај ќе биде полош и од оној на Груевски. Овој пат нема да има повторна амнестија за Зоран Заев!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања