Левица во Штип чистеше споменици од НОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
LEVICA-spomenik-Shtip-750x430-1

Додека премиерот, кој е најодговорен за продадените идеали и бришењето на АСНОМ од Уставот, држи говор во Прилеп, во кој без срам и перде ја замајува јавноста дека борците од НОБ се заслужни за „Северна“, неговите локални шерифи, наместо да обратат внимание на овој значаен комплекс, тие шетаат по штипските населби сечејќи млади дрвја, за да предвидат паркови кои веќе постојат во Штип и водат прљава предизборна кампања, реагира Левица.

— реклама —

„Овие квислинзи на власт, кои без грам срам повторно ја бараат народната поддршка, 30 години го уништуваат споменот на нашите загинати дедовци и баби. Тие не само што 30 години не се грижат за зачувување на спомениците на партизаните ширум Македонија, кои секојдневно се сквернавени и рушени – тие ги продадоа и нивните идеали и идеалите на АСНОМСКА МАКЕДОНИЈА – кога за првпат биле создадени темелите на македонската државност и за прв пат биле втемелени еднаквоста пред законот на сите граѓани без разлика на пол, припадност и религија. А после 45 години се осамостоивме и во Република Македонија, за после неполни 30 години, предавниците на својот народ, слугите на империјализмот – да ја фрлат во вода сета пролеана крв и целата борба која со векови ја воделе нашите предци! Сега овие истите се китат со името и споменот на овие борци – осмелувајќи се да кажат дека се бореле за сето тоа што го НЕМАМЕ денес“, се вели во реакцијата на Левица.

— реклама —

Не Господа, се додава понатаму во реакцијата,  борците од НОБ не се бореа за Северна Македонија! И вие немате право ниту да ги спомнете, камоли да држете говори за нивниот спомен!

— реклама —

Членовите на Левица, заедно со дел од раководството на Партијата, презедоа иницијатива за чистење на Меморијалниот комплекс на паднатите борци во НОБ, на Исарот во Штип.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања