Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица: ВРЕДИ и ЗНАМ скандалозно склучиле формален договор за партиски вработувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6255

,,Деновиве е обелоденет скандалозен документ дека Максим Димитриевски, како градоначалник на Куманово, склучил Меморандум за соработка со „Алијанса за Албанците и Алтернатива“. Членови на овие партии, со по еден освоен советник добиваат 30% учество во општинските установи и јавни претпријатија, нивните управни и надзорни одбори - што само го потврдува етнополитизирањето на институциите и ги надминува пропорциите предвидени со погубниот Охридски рамковен договор!

Додека формално се залагаат за укинување на балансерот, ВРЕДИ и ЗНАМ тераат договори со партиски вработувања по квота, со што де факто признаваат местење на конкурси на директори кои по закон се избираат со јавен оглас.

Практично, додека во јавноста постојано гледаме како партиите кои формираа Влада глумат опозиција сами на себе, под закрила на националната пизма, позади затворени врати сложно го делат државниот колач. Потврдата дека ЗНАМ во Влада е кооперативен со балистичката ВРЕДИ беше дадена пред неколку дена од Орхан Муртезани.

— реклама —

Јасна е соработката помеѓу проектот ЗНАМ со балистичките субјекти Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои многукратно во овој краток период, го погазија македонското знаме и јазик, ги злоупотребија функциите за претставување моќ и ги преименуваат улиците од имиња на македонски партизани во имиња на балисти.

— реклама —

Ухлебувањето по етнопартиски клуч во општинските установи не било доволно, па така, Димитриевски се обврзал на тоа да додели минимум 27% од инвестициите по желба на партиите кои освоиле вкупно два, односно по еден советник.

Ова е само ситница од заткулисните игри позади затворени врати. Додека во јавноста гледаме како ЗНАМ се оградува од шовинистичките политики на „ВРЕДИ“, комплетно очевидна е совршената соработка зад затворени врати.

— реклама —

Оттука, и покрај утврдената состојба за коалициски долгогодишната соработка, Левица ги повика пратениците на ЗНАМ да покажат барем малку достоинсто и да застанат на вистинската страна при гласањето на интерпелацијата за спикерот Африм Гаши. Во спротивно, наместо да се заштити угледот на функцијата и достоинството на државата, ЗНАМ останува алатка која го поддржува дивеењето и варваризмот на Гаши!”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања