Промени тема
Контакт

Лицемерието на Левица не поминува ни во Собранието, ни кај граѓаните, вели Каевски од собраниската говорница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
levica-8123

Лицемерието на Левица, како и секогаш е пуштено на најјако, кога се работи за вас и за вашиот гуру Христијан Мицкоски за да дојдете на власт некои работи не ви пречат, а за да се донесе нешто добро за граѓаните ви пречат, порача во реплика на собраниската седница посветена на изборот на новата Влада, пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

— реклама —

Димитар Апасиев зборувше за биотероризам, кога граѓаните очекуваа пакети мерки во ова Собрание, во услови кога се соочуваме со пандемија, а тоа не му пречеше кога требаше да „формира“ Влада со својот гуру Мицкоски, а истото се однесува и со Преспанскиот договор, потпишува документи со називот Република Северна Македонија, кога му одговора, а инаку го критикува. Вашето лицемерие не поминува ни тука во Собранието, ни кај граѓаните, нагласи Каевски во реплика на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.

— реклама —
— реклама —

Оваа влада изминатите четири години е подобра од која било Влада, предводена од која било политичка партија во претходниот период, но и тоа е не доволно зашто граѓаните очекуваат и заслужуваат повеќе, порача пратеникот на СДСМ Дарко Каевски од собраниската говорница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања