Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Личната карта и возачката дозвола на мобилните телефони – апликацијата „м.Услуги“ пристигнува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryetdn1mra1ed94QSa2L1
Фото: Министерство За Дигитална Трансформација

Граѓаните ќе добијат полесен пристап до електронски јавни услуги и дигитални документи преку мобилен телефон со новата апликација „м.Услуги“, која денеска ќе ја промовира Министерството за дигитална трансформација во Македонската филхармонија во Скопје.

— реклама —

На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас.

— реклама —

Андоновски најави дека апликацијата ќе биде бесплатна и незадолжителна, а преку неа граѓаните ќе можат да пристапат до електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и до првите три дигитални услуги. Апликацијата ќе може да се преземе преку Google Play и App Store.

— реклама —

„Ова ќе биде наш прв чекор кон дигиталниот паричник. Апликацијата е бесплатна за преземање и не е задолжителна, но ќе нуди многу нови погодности. Ќе го свртиме фокусот кон тоа државата да биде достапна на мобилен телефон, односно на дланка“, изјави Андоновски.

Во следната фаза се планира додавање податоци од системот „М.здравје“ и од европската младинска картичка, со цел апликацијата постепено да прерасне во дигитален паричник што ќе обединува повеќе документи и јавни услуги. Прифаќањето на електронските документи од институциите ќе се воведува постепено, со усогласување на прописите и зајакнување на институционалните капацитети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања