„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лидер.мк открива нов скандал: Семејството на судијата кој го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ за само 5000 евра купило хотел во Дојран!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
hotel-dogovor-960x578-1

Нова афера во која се вмешани лица блиски до власта е на повидок. Овој пат, станува збор за судијата кој го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, чие семејство се тврди дека за само 5.000 евра добило цел хотел, пренесува Лидер.мк

— реклама —

На социјалните мрежи протекоа документи кои сведочат дека близок роднина, односно зет на сестрата на судијата, за само 5.000 евра добил на подарок фирма која поседува хотел кој чини милионска сума во Дојран. Името на овој хотел, како што се тврди е „Атлантик“, а како нотар на целиот овој договор се јавува сестрата на судијата.

Како што се вели во објавата, овој човек, кој е зет за сестра на судијата, изминативе години земал минимална плата, а следствено на тоа се стекнал со ваква фирма, за која како што пишува на социјалните мрежи – поседува голем хотел.

— реклама —

Прашањата кои се јавуваат на социјалните мрежи се однесуваат на тоа како е возможно човек кој прима плата-минималец да добие фирма која поседува хотел и која е врската на судијата со истата?

Извор/фото:Лидер.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања