Промени тема
Контакт

Лидерот на Хамас денеска на средба со ирански претставници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Лидерот на Хамас Исмаил Ханије денеска во Техеран ќе се сретне со ирански претставници, во втора посета на Иран од 7 октомври кога почна војната во Појасот Газа.

— реклама —

Оваа посета се случува еден ден по усвојувањето на резолуцијата за прекин на огнот со Израел во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), пренесува Ројтерс.

— реклама —

Во војната со Израел, Хамас доби поддршка од Иран, чиј министер за надворешни работи Насер Канани ја нарече резолуцијата на СОН „позитивен чекор“.

„Уште поважен чекор е ефективна акција за нејзино спроведување“, додаде Канани.

— реклама —

Хамас ја поздрави резолуцијата и нагласи дека прекинот на огнот треба да биде траен. На 25 март, Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се бара итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и итно и безусловно ослободување на сите заложници.

— реклама —

Во резолуцијата се нагласува и итната потреба за зголемување на протокот на хуманитарна помош и интензивирање на заштитата на цивилите низ Појасот Газа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvn3log7clm51232XJDc

Хамас: Во израелски напад е убиен полициски генерал во Газа

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
media-library3j5smkl8fp5r1uj1l1f

Хамас го назначи Калил ал-Хаја за нов шеф на политичкото биро

Свет | пред 2 месеци

media-library5u0338blvt9gcfrhfw3

Хамас: Разоружувањето „не е тема“ без целосно спроведување на примирјето и повлекување на Израел од Газа

Свет | пред 5 месеци

media-librarype28b7h9anpveJEzfaC

Израел до Хамас: Разоружување или војна

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања