Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Лина за Вимблдон ТВ: Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-library0asjjqtfjnsae4Hotn3

Македонскиот спорт испиша нова страница во својата историја. Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка, но и првиот македонски тенисер воопшто, која обезбеди пласман на главниот турнир на Вимблдон, најпрестижниот Гранд слем во светот.

— реклама —

По големиот успех, најдобрата македонска тенисерка не ги криеше емоциите и во изјава за телевизијата на Вимблдон истакна дека за неа ова е исполнување на животниот сон.

— реклама —

„Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историјата, и во машка и во женска конкуренција, која се избори за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот. Тоа што доаѓам од мала држава не е лесно, околу комплетната логистика, тренинзите, условите, секако и парите. Но, кога си тука даваш 100 проценти за да успееш, па на крајот сето тоа носи резултат. Можеби доаѓам од мала земја, но секако имаме огромно спортско срце“, изјави Ѓорческа.

— реклама —

Ждрепката за главниот турнир на Вимблдон ќе се одржи во петок од 11 часот, кога Ѓорческа ќе ја дознае својата противничка во првото коло.

Со овој историски пласман, Лина Ѓорческа го запиша своето име со златни букви во историјата на македонскиот тенис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас го победи Басилашвили и се пласира во четвртфиналето во Виена

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Рафаел Надал повторно ќе игра тенис, се враќа по две години

Спорт | пред 1 месец

media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Што го „убива“ модерниот тенис? Долги мечеви, густ календар и сè повеќе повреди

Спорт | пред 1 месец

media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Сабаленка продолжува да доминира на УС Опен: Стигна до четвртфиналето

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања