На 29.01.2026 во 23:40 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Д.Г.(41) од Пробиштип. Тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки на ул. „Кочо Рацин“ и бил под дејство на алкохол, со измерени 2,66 промили алкохол во крвта.
На 30.01.2026 во 01:20 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.М.(58) од Валандово. Тој управувал патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки на бул. „Гевгелија“ и бил под дејство на алкохол, со измерени 1,78 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против двајцата возачи ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.