Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Литванија почна да се подготвува за најлошото, погледнете што ставија на мостовите кон Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-10-11-at-10.08.35

Литванија постави противтенковски бариери, т.н змејски заби на мостовите што ја поврзуваат таа земја со Русија. Министерството за одбрана на земјата, исто така, соопшти дека е распоредена „огнена сила“ околу друг утврден мост над реката Немен за да се запре потенцијалниот руски напад.

„Тврдините ќе бидат надградени со огнена моќ, во случај да биде неопходно да се запре и уништи непријателот“, се вели во соопштението.

— реклама —

Реката Немен е дел од границата на Литванија со руската ексклава Калининград. Долга е нешто повеќе од 900 километри и поминува од Белорусија преку Литванија, а потоа во Северното Море, пренесува The Telegraph.

— реклама —
— реклама —

„Змејски заби“ се користат за забавување на тенковите и за да се направат возилата заглавени на и пред нив изложени и ранливи на непријателски напади. За прв пат се користени во Втората светска војна и се направени од армиран бетон.

Фотографиите од осветлениот мост над реката Неман покажуваат десетици триаголни бетонски столбови кои го блокираат патот.

Во извештаите се наведува дека покрај бариерите биле поставени и мини, митралези, бодликава жица и метални „ежови“, уште една противтенковска бариера. „Ова е превентивен чекор за да се обезбеди поефикасна одбрана“, соопшти Министерството за одбрана.

Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година, пограничната област на Калининград, Полска и Литванија стана една од најсилно утврдените погранични области во Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 13 часа

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања