Љумани си поднесе оставка, Министерство за култура не сака да му го продолжи мандатот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20190329002717

По само една година од формирањето на Албанскиот државен ансамбл во Македонија, неговиот директор Фатос Љумани си поднел оставка откако дознал дека Министерството за култура нема да му го продолжи мандатот, јавува ТВ 21.

— реклама —

Државниот секретар Ваљмир Азири изјавил дека за време на мандатот на Љумани тој не успеал да направи ништо особено, додека пак директорот во оставка бил разочаран од комуникацијата со ресорот и дека не можел да ги користи средствата иако буџетот за една година бил околу 1 милион евра. Институцијата се формираше пред една година, а лани го одржа првиот концерт во ноември.

„Имајќи предвид дека од назначувањето на директорот, односно екс-директорот, помина една година и имајќи ги предвид реакциите кои пристигнуваат од незадоволните страни поради работата на екс-директорот на Ансамблот, и имајќи предвид дека една тукушто формирана институција со буџет од 1 милион евра, не успеа да реализира ништо, мислевме дека е неопходно ние како Министерство за култура да направиме чекор и да назначиме нов директор“, изјавил Асани.

— реклама —

Новиот директор ќе биде назначен по претседателските избори. Од Министерството за култура велат дека конкурсот за вработување на 40 лица во ансамблот ќе биде објавен на 10 мај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања