Внукот на исчезнатиот Љупчо Стојановски, Дарко, повторно упати апел до јавноста за помош во потрагата.
„Љупчо сè уште не е пронајден. Деновите минуваат, а нашата надеж и борба не престануваат. Ве молиме сите што сте од Скопје и околината, погледнете добро околу себе. Доколку сте го виделе Љупчо или имате каква било информација за него, дури и најмала, веднаш пријавете во полиција или контактирајте го семејството“, апелира Дарко.
Тој ги повикува граѓаните да не премолчат ниту една информација што би можела да помогне во потрагата.
„Можеби токму таа ќе помогне Љупчо да се врати дома. Ве молиме споделувајте. Љупчо мора да биде пронајден“, додава тој.
Според информациите објавени од семејството, секој што има сознанија може да се јави на 112 или 192, како и да го контактира семејството на бројот наведен во апелот.