Љутков: Почнува целосна реставрација на куќата на Владо Малески во Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryi9elooumgvl74Q1layO

Министерството за култура најави итен проект за реставрација на музеј-куќата на Владо Малески во Струга, која беше сериозно оштетена при уривање на соседен објект – дивоградба, со што беа поткопани нејзините темели.

— реклама —

Министерот за култура, Љупчо Љутков, изјави дека работите ќе започнат веднаш, со цел да се зачува автентичниот изглед и историскиот дух на домот на авторот на македонската химна.

— реклама —

„Ќе бидат ангажирани експерти кои ќе ја водат обновата на најпрофесионален начин, со цел да се заштити и зачува културното наследство“, нагласи министерот Љутков.

Според најавите од Министерството, реставрацијата ќе биде изведена со ангажирање на стручњаци и експерти од областа на заштитата на споменици на културата, а фокусот ќе биде на враќање на оригиналниот, автентичниот изглед на објектот и спречување на понатамошни оштетувања.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања