„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лога го „тапша“ Гаши и ги напаѓа Македонците: Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
loga-minister-696x401-1

Ексминистерот за правда, Кренар Лога, не го осудува, туку го поддржува верскиот обред во Собранието, за кој, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кажаа дека е нарушување на секуларноста на државата. Лога контра сите, го споредува обредот со бистите од проектот „Скопје 2014“. Тој му оддаде и почит на собранискиот спикер Африм Гаши, иако доаѓаат од две различни партиски провиненции.

— реклама —

„Полемиките околу верската симболика во јавните простори и државните институции се чувствителна и важна тема. Кога државата презема чекори за интегрирање на верски симболи од специфична заедница, може да се создадат тензии и чувство на нееднаквост меѓу различните заедници. Меѓутоа, досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од "Скопје 2014" без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници. Го именуваа Аеродромот во Охрид со верско име, и тоа "Свети Апостол Павле II". Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој. Поддршка за денешната активност во Собранието на РСМ по повод годишнината од Сребреница“, напиша Лога.

— реклама —

И не е првпат откако Лога е во опозиција да настапува со националистички ставови, наместо правно да ги елаборира работите. Тој изминатиот период постојано во меѓуетничка конотација ги става сите чекори на Владата, како што се именувањата на директори, министри, функционери. Заедно со Села и нивната партија, бројат колку Албанци се вработени, а колку не - што пак, предизвикува тензии.

Инаку, реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беа поради тоа што Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници.

screenshot_20240712_153502_messenger

Острa реакциja: Гаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата

Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако претседателот на Собранието Африм Гаши и претставници на бошњачката заедница при оддавање почит на жртвите од геноцидот во Сребреница во Собранието се молеа. Опозицискиот СДСМ освен осуда дека на молитвата не ѝ е место во Собранието, побара институциите да реагираат и да има одговорност.-Ги почитуваме сите религии и религиозни обреди. Меѓутоа, сакаме да истакнеме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници. Во врска со настанот со кој се одбележа геноцидот во Сребреница, каде што еден од учесниците ја злоупотреби поканата и организираше исламска молитва во оваа државна институција, изразуваме најостра осуда – велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од владејачката партија апелираат да не се политизира туѓата несреќа и да се собираат ситни политички поени врз несреќата на илјадници други луѓе.-Со оваа постапка не им се оддава почит на жртвите од Сребреница, туку напротив, ова претставува тешка злоупотреба на оваа трагедија заради прибирање на политички поени. Трагедијата од Сребреница треба да биде потсетник за важноста на мирот и почитувањето на човековите права, а не повод за непотребни конфликти и поделби – велат од ВМРО-ДПМНЕ.За молитвата во Законодавниот дом реагира и опозицискиот СДСМ и ги повика институциите да реагираат.-Африм Гаши ја наруши секулраноста на државата, тоа е непочитување и на Уставот. На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција. Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот. Повикуваме надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност – велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања