Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Лога за изјавата на Јолевски: Не очекував од висок претставник на судската власт да изјавува дека министерот нема право да го бара записникот од Судскиот совет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

loga-1

Изненаден сум од изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски и не очекував од висок претставник на судската власт кој треба да ги знае Уставот и законите ,во јавноста да изјавува дека министерот за правда нема право да го бара записникот од Судскиот совет, вели Министерот за правда, Кенар Лога.

— реклама —

„Министерот за правда согласно Уставот е член на Судскиот совет по функција. Судскиот совет редовно го поканува министерот за присуство на седниците и испраќа извештаи за својата работа.

— реклама —

Членот 15 од Деловникот предвидува дека записникот покрај останатите податоци содржи податоци за дневниот ред што е утврден на седницата, наводите , изјаснувањата и предлозите на присутните на седницата , спроведената расправа, донесените одлуки и резултатот од гласањето. Записникот се разгледува и усвојува на седница на Советот, а по евентуални забелешки, Советот донесува заклучок кој што е составен дел на записникот на кој се однесувала забелешката. Усвоениот записник од седницата на Советот го потпишуваат претседтаелот на Советот и генералниот секретар, односно лицето што го водело записникот. Судскиот совет има обрска примерок од записникот да достави до членовите на Судскиот совет по електронски пат.

— реклама —

Министерот за правда како член на Судскиот совет има право да реагира и да бара исполнување на обврската за доставување на Записник од седница на Судски совет.

Ве информирам дека до овој момент до Министерството за правда сеуште не е пристигнат одговор на писмениот допис од Судскиот совет со кој се бараше да се достават на увид Записникот од 438-та седница и усвоениот дневен ред.

Министерството за правда и јас како министер со големо внимание ги следиме состојбите во судството и обвинителството и во оваа насока увидот ќе ни помогне во определување на правецот во кој е потребно да се движат законските измени за отстранување на сите недоследности во функција на обезбедување на владеење на правото и реформи во правосудството.

Очекуваме во најскоро време да се надмине ситуацијата во Судскиот совет и тој да претставува орган кој ќе го штити а не нарушува угледот на судството“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања