Локализиран пожарот во поранешната фабрика за леб „Жито Битола“.
Според информациите нема повредени.
Пожарот е пријавен во 17 часот и 20 минути, а очевидци велат дека се запали зградата каде биле сместени административниот дел, а имало и склад со брашно. Пожарникарите и полицијата ќе останат на терен цела ноќ.
Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека се уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.