Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Луфтханза ја укинува директната линија Франкфурт – Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE
unsplash

Луфтханза ја укинува авиолинијата меѓу Франкфурт и Скопје, која беше активна повеќе од три години.

Во резервациониот систем на компанијата веќе нема достапни летови ниту за летната, ниту за зимската сезона, што започнува на 25 октомври.

— реклама —

Наместо директна линија, патниците ќе можат да патуваат до Скопје преку Виена со „Австриан ерлајнс“, која е дел од групацијата Луфтханза.

— реклама —

Германската авиокомпанија ја воведе рутата во април 2023 година, кога доби и државни субвенции за нејзино отворање. Во различни периоди имаше меѓу седум и десет летови неделно, но во текот на зимската сезона бројот беше намален на три ротации.

Укинувањето на линијата доаѓа во период кога групацијата Луфтханза спроведува поширока реорганизација на европската мрежа, со фокус на намалување на трошоците и задржување на поисплатливите рути.

— реклама —

Во последните месеци компанијата се соочуваше и со повеќе предизвици, меѓу кои штрајкови на персоналот, затворање на подружницата „Ситилајн“ и приземјување на дел од флотата.

— реклама —

Дополнителен притисок врз работењето создава и неизвесноста околу цените на горивото поради конфликтите на Блискиот Исток.

Како дел од новите прилагодувања, Луфтханза ги намалила и фреквенциите кон повеќе градови во регионот, меѓу кои Белград и Љубљана, а скратени биле и стотици летови од базите во Франкфурт и Минхен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања