Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Луис Хамилтон стана витез

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
hamiltonzdhdtsfgvbhnjmk

Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон, официјално стана витез на Обединетото Кралство. Титулата му ја врачи престолонаследникот, принцот Чарлс, во замокот Виндзор. Со Луис на церемонијата беше неговата мајка Кармен.

Хамилтон ја доби титулата Сер и стана четврти Ф1 возач во историјата со ваква чест, по Џеки Стјуарт, Џек Брабам и Стерлинг Мос.

— реклама —

Витешката титула Хамилтон ја доби три дена откако ја пропушти можноста осми пат да стане шампион во Ф1. Тој заврши втор на трката во Абу Даби и ја загуби титулата во последниот круг, оти пред финиш-линијата го претекна Макс Ферстапен, па тој стана шампион.

Хамилтон е ко-рекордер по бројот на освоени титули во Формула 1, со Михаел Шумахер. Тој ги држи рекордите по бројот на остварени победи и пол-позиции.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања